Американскиот претседател објави на социјалната мрежа „Truth Social“ дека Иран испукал 14 ракети што сите биле пресретнати или пренасочени. Тој, исто така, му се заблагодари на Иран што ги известил САД „рано“ за нападот.
Сакам да му се заблагодарам на Иран што ни даде рано известување, што овозможи да нема изгубени животи и никој да не биде повреден. Можеби Иран сега може да продолжи кон мир и хармонија во регионот и со ентузијазам ќе го охрабрам Израел да го стори истото“, порача Трамп.
Тој додаде дека ниту еден Американец или жител на Катар не бил повреден во нападите на Иран.
Би сакал да му се заблагодарам на високо почитуваниот емир на Катар за се што направи во потрагата по мир во регионот. Во врска со денешниот напад врз американската база во Катар, со задоволство можам да известам дека, покрај тоа што нема убиени или ранети Американци, што е многу важно, нема убиени или ранети жители на Катар.
Честитки за светот, време е за мир“, објави Трамп.
Comments are closed for this post.