Претседателот на СДСМ Венко Филипче во вечерашниот поткаст „Политиканти“ конечно призна дека има златна визa за Дубаи. Ја правда со тоа дека „не е поврзана со никаква форма на инвестиции“.
Пред да се кандидирам за претседател на СДСМ и претходно за пратеник бев во преговори за работа со една болница во Дубаи и добро напредуваа преговорите. Меѓутоа откако станав претседател на партијата тие преговори останаа на стенд-бај, тоа е и причината зошто имам виза за Дубаи, рече Филипче.
На прашањето зошто оваа приказна не била кажано порано, Филипче одговори дека мисли дека треба сите да се обидат нивото на политичка дискусија, дебата и култура да се промени.
Кон крајот на април, лидерот на опозицијата, имаше друга изјава пред медиумите.
Немам виза која е поврзана со инвестиции, немам виза која е поврзана со недвижнини, немам илјадници евра, немам сметки. Немам виза која е поврзана со милиони, авиони, камиони. Едноставно имам само виза која што ми овозможува да патувам, одговори Филипче на прашање на Телма телевизија пред две недели.
Од ВМРО-ДПМНЕ реагираат? Како само неколку дена откако Венко Филипче изјави дека нема златна виза за Дубаи, истиот тој признава – има. И не само што има, туку „преговарал со болница“, а сега тоа било „ставено на стенд бај“.
Граѓаните имаат право да прашаат:
Како се добива златна виза за преговори?
Зошто визата ја криел?
Зошто нема ниту еден доказ за постоење на каква било приватна болница поврзана со него?
Во кое својство преговарал – како министер, пратеник, партиски функционер или приватен бизнисмен?
Доколку визата не е заради инвестиции, тогаш за што е? И што точно е ставено на „стенд бај“ – некоја болница или нечија совест?
Ова е уште еден доказ дека раководството на СДС се обидува да ги лаже граѓаните, да прикрие бизниси и да бега од одговорност. Додека Филипче „преговарал“ по Дубаи, Македонија тонеше во здравствен хаос, а народот се бореше со маски, страв и недостиг од лекови.
Време е СДС и нивните лажни реформатори да одговараат – пред законот и пред народот. Македонија е премногу долго заложник на нивните манипулации и договори под маса, велат од ВМРО-ДПМНЕ.
Во вечерашното гостување во подкастот „Политиканти“, Филипче ја обвини Владата на ВМРО-ДПМНЕ во изминатиот период покажала катастрофално лошо менаџирање со економијата и институциите, како и во однос на заштита на животниот стандард на граѓаните.
Според Филипче, и во најголемите кризи – во ковид пандемијата и енергетската криза, владата на СДСМ го помогнала секој граѓанин, а стандардот бил заштитен.
Comments are closed for this post.