Илјадници Бугари ги блокираа патиштата и неколку гранични премини протестирајќи заради високите цени на горивата и нискиот животен стандард во најсиромашната земја во Унијата.
Демонстрантите протестираа во Софија и во другите поголеми градови и на неколку часа ги блокираа повеќето важни сообраќајници, пред полицијата да ги растера, наведува Франс прес.
Додека истиот извор наведува дека демонстрантите ги блокирале граничните премини со Турција и Грција, Анадолија пренесува дека блокирани се влезовите со Турција, Романија и Србија, а дека блокадата предизвикала километарски колони од возила.
“Blocked” Trakia highway near the entrance of #Burgas. #GERB #EPP pic.twitter.com/VrjshwJXuP
— Dr Radosveta Vassileva (@radosveta_vass) November 18, 2018
Анадолија пренесе дека на улиците биле испратени повеќе од 4.000 полицајци.
Во Софија десетици демонстранти го блокираа сообраќајот на главниот булевар, извикувајќи „Мафија“ и „Оставка“.
Протестите во Бугарија се одржуваат секој викенд во последните месец дена, а најавите се дека тие ќе продолжат.
Comments are closed for this post.