Министерот за финансии, Драган Тевдовски, појасни дека средствата во Предлог-буџетот предвидени за набавка на мебел не се однесуваат на мебел во кабинетите на министрите, туку за опремување на училишта, студентски домови, факултети, полициски станици, гранични премини, прифатни центри…

Тој додаде дека и во ставката наменета за возила не се планирани средства за комфор на функционерите, туку за набавка на возила во здравството, судството и инспекциските служби за да може тие да ги извршуваат своите редовни обврски.

Опртеделувањето средства за набавка за мебел и возила преидзвика критики во медиумите, а во текот на вчерашниот ден и протест на граѓаните на Скопје, коишто го изразија својот револт зошто тие средства не се наменат за реализирање мерки за намалување на загадувањето.