Министерот за надворешни работи на Косово, Беџет Пацоли, објави дека е утврдена агендата на Самитот на Интерпол, што почна денеска во Дубаи и дека за барањето на Косово за зачленување во Организацијате ќе се гласа во вторник, на 20 ноември.
Шефот на косовската дипломатија преку својата страница на Фејсбук изрази оптимизам дека неговата земја ќе биде примена во светската полициска Организација.
Почеток кој ветува. Потврдена е агендата на самитот на Интерпол и ставена е на дневен ред точката во која Косово аплицира за зачленување. Борбата против меѓународниот организиран криминал и тероризмот е наша цел. Гласањето е во вторник – напиша Пацоли на Фејсбук.
Fillim i mbarë. U konfirmua agjenda e samitit të Interpolit dhe pika ku Kosova aplikon për të qenë anëtar.
Lufta kundër…Posted by Behgjet Pacolli on Sunday, November 18, 2018
За да биде примено во Интерпол за Косово треба да гласаат две третини од членките на Организацијата.
На самитот на Организацијата во Обединетите Арапски Емирати ќе се избира нов претседател, откако досегашниот претседател Менг Хонгвеи, во септември годинава беше упасен во Кина поради обвиненија за корупција во времето додека бил заменик министер за јавна безбедност на таа земја
Comments are closed for this post.