Продажбата на паметните телефони на „Хуавеи“ се зголемуваат со темпо што го надминува планот на компанијата, велат аналитичарите. По искачување на второто место во светот, кинеската компанија цели кон првото.
На почетокот на годината извршниот директор на „Хуавеи“, Ју Ченгдонг, изјави дека кон крајот на 2018-та компанијата може да го заземе второто место на светскиот пазар за смартфони, претекнувајќи го Епл. Тоа веќе се случува – во последните два квартали продажбите на „Хуавеи“ ги надминуваат оние на Епл по број и генерално за годината компанијата изгледа ќе се зацврсти на второто место.
Во нова изјава, Ју, цитиран од „Гизчајна“, вели дека до искачувањето на „Хуавеи“ на првото место останува малку време.
Во следната година, разликата меѓу нас и компанијата, која го зазема првото место, ќе биде многу мала. Дури е можно да излеземе со Самсунг на исто ниво. Во 2020 година, ќе имаме можност да застанеме на чело на пазарот, вели изјави Ју.
Comments are closed for this post.