Идниот претседател на САД Доналд Трамп за време на обраќањето од својата резиденција на Флорида најави средба со рускиот претседател Владимир Путин. Главна тема секако ќе биде ставање на крај на војната во Украина.

Путин сака да се сретнеме и веќе се организираме, вели Трамп напоменувајќи дека мора да се стави крај на војната во Украина.

Официјален Кремљ исто така ги поздрави напорите да се организира средба на двајцата претседатели.