Новак Ѓоковиќ прелета 13.300 километри за само еден ден и од Доха пристигна во Буенос Аирес за да се прости од својот голем пријател Хуан Мартин Дел Потро, а потоа да му го подари пехарот на победникот на Копа Либертадорес.

Сето тоа Новак го направи со својот приватен авион „Gulfstream G650“, кој се издвојува по една работа – има два мотори и е способен за долги летови.

Од 2015 година Новак ги користи услугите на приватна компанија која го одржува неговиот авион и обезбедува пилот и персонал. Има место за 18 патници, опремен е со сите потребни предмети за уживање.