Бугарскиот вицепремиер Валери Симеонов вчера си поднесе оставка откако против него еден месец имаше жестоки критики заради неговите навредливи коментари кон децата со посебни потреби.

Симеонов, кој во министерската фотелја дојде од националистичката партија Национален фронт за спас на Бугарија, изјави дека „оставката ја поднесува заради кампањата во масовните медиуми со кои се нарушува репутацијата на владата“.

Бившиот вицепремиер предизвика гнев кога активисти, демонстранти и борци за човекови права рече дека се во спрега со лицата со посебни потреби, кои пак ги нарече „наводно болни деца“.

Родителите побараа негова оставка уште во октомври, кога тој ги кажа коментарите, иако подоцна Симеонов се извини. Премиерот Бојко Борисов веднаш ја прифатил неговата оставка.

Родителите на деца со посебни потреби со месеци протестираат барајќи подобрување на социјалната помош. Тие велат дека со протестите ќе продолжат и покрај оставката на Симеонов.