Започна судењето за случајот кој ја потресе Македонија.Кон крајот на минатата година бевме во шок од грабнувањето а потоа и од убиството на малата Вања Ѓорчевска како и од убиството на велешкиот фризер Панче Жежовски.

Но, на првото рочиште, јавноста остана со многу недоумици за односот на таткото на Вања и првообвинетиот Љупчо Палевски. Палчо како да се обиуваше да го заштити со изјава дека воопшто не се познаваат со Александар а камоли дека комуницирале на 27 ноември кога девојчето беше киднапирана во влезот на зградата каде што живееше.

Палевски дури тврди дека Александар е наместен од страна на полицијата за да неправи слика дека тие редовно биле во контакт.

Спротивно на тоа, обвинителката Крстевска во своето излагање тврди дека токму Ѓорчевски му јавил и на 24 ноември кога првично требало да биде грабнато девојчето и три дена подоцна која грабнале пред влезот во зградата.

„Велибор Манев, Боре Видевски и Влатко Кешишев со колата на претходно убиениот Панче Жежовски дошле пред зградата на Вања. Влатко Кешишев чекал во колата, а другите двајца со штрафцигер ја отвориле вратата и со вреќа за спиење во сутеренот ја чекале Вања. Кога таа излегла од лифтот, ја грабнале, ѝ ставиле трака на устата, ѝ ги врзале рацете и нозете со пластички стеги и ја ставиле во вреќата. Ѝ се заканувале за да не вика”Потоа ја ставиле Вања во багажникот на колата, на Партизанска ѝ го скршиле телефонот за да нема сигнал и се упатиле кон Качанички пат. Во Визбегово се сретнале со Палчо и сите заедно продолжиле кон селото Бразда, каде ја убиле Вања. Обвинетите во претходно ископана дупка ја ставиле Вања со врзани раци и нозе. Палчо, според обвинителството, со пиштол преку перница пукал во главата на Вања и ја убил. Потоа го закопале телото, а колата ја запалиле-објасни обвинителката.

Текот на судењето ќе покаже кој ја говори вистината.Дали обвинителстото, за кое веруваме дека има доказ за разговорот меѓу Палевски и Ѓорчевски или првобвинетиот.