Палестина за првпат зазеде официјално место меѓу членките на ОН на отворањето на Генералното собрание, а меѓу мисијата на Шри Ланка и Судан седеа дипломати во име на Државата Палестина.

Палестинците досега седеа како набљудувачи на седниците на Генералното собрание на ОН и беа поставени зад дипломатите на земјите-членки.

Тоа е ново право што и се дава на делегацијата иако не се полноправен член на тоа тело.

Во мај, огромното мнозинство членови на Генералното собрание тврдеа дека Палестинците заслужуваат полноправно членство но беше блокирано од САД.

Генералното собрание потоа изгласа резолуција со која на оваа делегација и се даваат одредени нови права – но не и право да гласа или да биде член на Советот за безбедност. Палестинците сега можат да поднесат предлози и амандмани и да седат меѓу земјите-членки.

Игор Јанев, експерт по меѓународно право, во коментар за „Pressing TV“ вели дека ова може да се анализира и во контекст на членството на Македонија во ОН.

Поентата е дека Генералното Собрание на ОН има примарна надлежност кога се работи за членските права, а такви се името и знамето во ОН. Ако реши да бидеме ПЈРМ ќе бидеме но поверојатно е да го продолжиме членството под Република Македонија -анализира Јанев.