Претседателката на Косово Вјоса Османи-Садриу е родена во 1982 година во Митровица. Таа го навлече гневот на македонските граѓани откако предизвика инцидент на скопскиот аеродром.
Таа во Косово важи за класичен американски човек откако вo 2005 година магистрирала право на Универзитетот во Питсбург.Од 2009 до 2014 година престојувала на тој американски универзитет на докторски студии.
Како универзитетски професор одржува курсеви од областа на меѓународното право на Правниот факултет во Приштина, додека во САД како визитинг професор го предава предметот „Државно градење и право: косовското искуство“.
Таа е мажена и мајка на две девојчиња близначки. Недвижностите што ги имаат со сопругот надминуваат еден милион евра. Вјоса покрај англискиот одлично зборува и српски јазик.
Comments are closed for this post.