Манастирот Св.Прохор Пчињски кој три децении беше затворен за Македонците поради црковниот спор плени со својата убавина и смиреност.
Сместен покрај реката Пчиња е еден од најстарите православни манастири. Посветен на свети Прохор чии мошти се наоѓаат во манастирот.
Во 11 век манастирот Св. Прохор Пчињски бил уништен од Османлиите, а во 14 век бил обновен од српскиот крал Милутин. Затоа пред портите на манастирот се наоѓаат имињата на ктиторите од Немањиќ до Обрановиќ и Петар Караѓорѓевиќќ.
И Македонија половина век манастирот си го чуствуваше за „свој“ поради тоа што тука во 1944 година се одржало Првото заседание на АСНОМ со кое се удрени темелите на Македонија во рамките на СФРЈ.
За жал денеска во манастирот ништо не потсетува дека на 2 август пред 80 години се случила толку значајна работа за Македонија. Заседанието се одржало во воденица која не постои, а пожарот пред десет години ја уништи и спомен собата.
А унишувањето на споменот од АСНОМ започна во 1990 година кога радикалот Војислав Шешељ ја урна таблата која потсетуваше на еден од најголемите датуми во македонската историја.
Comments are closed for this post.