Адвокатот Тома Фила откри зошто тој и неговата сопруга Весна не се решиле да посвојат дете, со оглед на тоа што немаат свои биолошки деца.
– Весна размислуваше за посвојување. И реков да одлучи за тоа. Потоа, во меѓувреме разговарав со двајца од најпознатите гинеколози во тоа време.И двајцата немаа деца и ме советуваа да се откажам од посвојувањето – изјави Фила.
– Ве молам, господине Фила, немојте да го правите тоа. Ќе се разочарате.
Тома смета дека токму тоа влијаело на неговата сопруга Весна да одлучи да не го помине целиот процес на посвојување.
– Мајка ми ни велеше дека ако Господ не ни дал деца, да не се обидуваме со сила. Весна еднаш беше бремена, но потоа спонтано абортирала. И никогаш повеќе не забремени.
Еве ја вистината, првпат зборувам за тоа – изјави еднаш Фила за телевизија Хепи.
Познатиот адвокат еднаш откри зошто и го дал пиштолот на сопругата.
Често сум на пат, па мојата сопруга останува сама дома.
Го држам пиштол до врата и ѝ реков: „Ако влезе некој пукај и не прашувај зошто влегол. Полесно ми е да те извлечам од затвор отколку од гробишта“
Comments are closed for this post.