Претседателката на Македонија Гордана Силјановска Давкова вчера положи венец пред манастирот Св.Прохор Пчињски во Србија. Таа се поклони пред плочата на која пишува дека тука на 2 август 1944 година е одржано Првото заседание на АСНОМ и се удрени темелите на современата македонска држава.
Но, малкумина знаат дека тоа не е оригиналната плоча ниту е оригиналното место каде што стоела.
Плочата се наоѓала во кругот на манастирот каде што и се одржало заседанието во воденицата која исто така веќе не постои.
Што се случило со оригиналната плоча
Плочата беше на вистинското место се до 1990 година кога Војислав Шешељ на Илинден влезе и ја скрши во чекан. Тоа е период на зголемен национализам и почеток на војните во поранешна Југославија.
Шешељ тогаш изјавуваше дека „нема зошто да им се дозволува на Македонците влез во манастирот“. Се заканувал и дека „за шест часа може да ја прегази Македонија“
Искршената плоча била префрлена во Народниот музеј во Врање но подоцна и се губи трагата и не можела да биде пронајдена, па дури и во парчиња.
Покрај плочата, во пожарот во 2014 година кој го зафати манастирот настрада и спомен собата на АСНОМ. Иста таква реплика многу години подоцна беше направена во Меморијалниот центар Пелинце кој беше направен како замена за Прохор Пчињски.
По дивеењето следеше период на влошени односи меѓу Србија и Македонија поради црковниот спор и официјално одбележување во манастирот речиси и да немаше.
Така беше се до минатата година кога поранешниот претседател Стево Пендаровски доби покана да го посети манстирот и да положи венец.Но, проблем била плочата откако српските власти добиле информација од Врање дека никако не можат да ја пронајдат и оти веројатно е фрлена.
Тогаш е изработена нова, „верна на ориггиналот“ пред која се поклони претседателката Силјановска Давкова.
Comments are closed for this post.