Репрезентациите на Србија и Словенија одиграа попладнево нерешено 1-1 во Минхен во натпревар од второто коло во групата Д на ЕВРО2024.
Словенците беа на чекор до победа откако со голот на Камичник во 69 минута поведоа со 1-0 и беа во предност до завршните секунди од натпреварот кога Јовиќ по нафрлената топка од корнер со глава го совлада Облак во петтата минута од судиското продолжение.
Ремито ги остави двете репрезентации во игра за пласман во осминафиналето од групата Д во која вечерва играат Англија и Данска.
Comments are closed for this post.