По успехот на документарниот филм “Први до Четврто” кој ќе биде претставник на интернационалниот филмски фестивал за спорт кој ќе се одржи во месец август во Златибор, Србија, се подготвува нов документарец.
Новиот филм е насловен „Брендот под кошевите“ за КК Работнички.
Нема подобра најава за снимањето на новиот проект КК. Работнички – брендот под кошевите, преку фотографијата од човекот која кажува многу, фотографија која говори за минатото и одекнува како ехо кон сегашноста и иднината. Фотографија која буди спомени и нема да не остави рамнодушни. Ние, кои сме дел од кошарката го нарекуваме “жива легенда” или “гркот господин кошарка” ЛазарЛазоЛечиќ-стои во најавата за документарецот.
Најавуваме уште една спортска сторија за Златната генерација која го создаде „Работнички“ брендот под кошевите , клуб кој со успех ја претставуваше македонската кошарка во СФРЈ и во Македонија-вели авторскиот тим, Саша Каталиниќ како главен носител на проектот, камернанот и монтажер Матеј Милев и сценаристот Игор Ивановски.
Comments are closed for this post.