Љупчо Палевски-Палчо побарал дополнение на неговиот исказ, дознава „Телма“. Неговиот адвокат Марјан Витановски вели дека Палевски во понеделникот лично поднел барање за дополнение на неговиот исказ, бидејќи за време на неговиот распит не располагал со докази за одредени прашања на обвинителството. Во меѓувреме Витановски побарал и увид во списите на предметот.
Палевски за време на распитот кој траеше повеќе од седум часа негирал било каква вина и дека е осомничен заради претходни непријателства и политички недоразбирања со определени претставници од власта.
Извор „Телма“
Comments are closed for this post.