Заменичката грчка амбасадорка Георгиа Андреади, на панел дискусијата ги повика „сите функционери на Република Cеверна Македонија целосно да ги почитуваат, да се придржуваат и да ги спроведуваат со добра волја сите меѓународно обврзувачки договори како што е Преспанскиот договор, за да може да покажат пред меѓународната и европската заедница дека се искрени, и посветени кон својата евроатлантска иднина“.
-Лична забелешка би сакала да појаснам дека што се однесува до Грција институциите не се исто со личноста. Во едно демократско општество кога институцијата се преклопува со личноста, не може да биде демократско општество. Според тоа, сакам да повторам дека ние очекуваме Cеверна Македонија во добра волја и во духот на добрососедските односи, кои апсолутно ние можеме да ги градиме и заедно да одиме кон иднината целосно да се придржува до Преспанскиот договор, рече Андреади
Comments are closed for this post.