Претставничката на Израел на Израел, Еден Голан, предизвика голема бура во јавноста.
Еден Голан има 20 години и е родена во Кфар Сава, а кога имала шест години нејзиното семејство се преселило во Москва поради работата на нејзиниот татко. Следните 12 години ги поминаа во Русија. Нејзините родители се родени во Советскиот Сојуз во еврејски семејства.
Таа се вратила во Израел со нејзините родители во 2022 година и истакнува дека непосредна причина била војната во Украина
Во интервју за „Израел Хајом“ рече дека сè уште не била во војска, односно во израелските одбранбени сили (ИДФ), што е должност на сите мажи и жени во нејзината земја и дека ќе го отслужи воениот рок што е можно поскоро.
– Воениот рок е мисија, а јас сакам да одам на аудиции за воени оркестри – изјави таа.
Comments are closed for this post.