Албанската полиција и официјално потврди дека поранешниот македонски премиер Никола Груевски за Унгарија заминал преку Албанија.
Со ова се одговори најчесто поставуваното прашање во Македонија овие неколку денови од каде и на кој начин Груевски заминал во Будимпешта.
Секторот за граница и миграција на албанската полиција полиција во вечерашното соопштение наведува дека Груевски Албанија ја напуштил преку преминот Хан Хоти-Муриќан,на албанско-црногорската граница.Тој на 11 ноември 2018 година во 19:11 часот излегол од Албанија преку преминот Хан Хоти во правец на Црна Гора, како патник во автомобил со регистарски ознаки CD1013A,сопственост на амбасадата на Унгарија во Тирана, соопшти албанската полиција.
Албанската полиција нагласува дека не се знае на кој граничен премин Груевски влегол на албанска територија и дека тоа најверојатно го направил илегално преку зелениот појас, по што бил во унгарската амбасада во Тирана,каде и побарал азил.
Со ова се потврдуваат зборовите на шефот на кабинетот на премиерот на Унгарија, Гергели Гулјаш кој посочи дека Груевски поднел барање за азил во една од амбасадите на Унгарија, без да наведе за која земја станува збор.
Comments are closed for this post.