Никола Груевски преку Србија премина во Унгарија, а четнички бајoнети го обезбедуваа до Хоргош, изјави Војислав Шешељ во емисијата „После ручка“ на телевизија Хепи. Шешељ додаде дека Груевски на тој начин го избегнал апсењето, на како што рече, предавничката власт на Зоран Заев.

Кога се појави на српската граница, го прифатија српски четници и четнички бајонети го обезбедуваа се до Хоргош, а таму во 5 часот утрото на 12 ноември премина во Унгарија. Тој помина преку територијата на братска Србија – вели Шешељ.