Во 3:30 часот наутро на 24 февруари 2022 година, ме разбуди звукот на мојот телефон. Безброј разузнавачки брифинзи со предупредувања за руска инвазија на Украина не можат да ве подготват за тој момент.
Кога претседателот Зеленски ми рече со тежок глас: „Бомбите паѓаат врз нас, ова е општа инвазија“, знаев дека целиот безбедносен пејзаж што постои од Втората светска војна засекогаш се промени. ЕУ мораше да се промени со него, и тоа брзо – пишува претседателот на Европскиот совет Шарл Мишел во авторски текст за „Јутарњи лист“.
Две години по почетокот на војната, сега е јасно дека Русија нема да застане на Украина, исто како што не застана на Крим пред десет години. Русија ја продолжува својата тактика за дестабилизација – во Молдавија, Грузија, Јужен Кавказ, Западен Балкан и уште подалеку, во делови од африканскиот континент.
Comments are closed for this post.