Најновиот руски тенк Т-14 Армата е далеку супериорен во однос на постоечките тенкови во однос на неговите карактеристики, но најверојатно нема да се користи во Украина поради неговата висока цена, изјави извршниот директор на Ростех Сергеј Чемезов.
Тој додава дека на армијата и е полесно да купува поевтини тенкови Т-90.
– Армата е, генерално, малку поскапа. Во однос на функционалноста, се разбира, тој е многу подобар од постоечките тенкови, но е прескап, па тешко дека армијата ќе го користи сега. Полесно е да се купат Т-90 – тврди Чемезов.
Comments are closed for this post.