Претседателскиот кандидат на ДУИ и актуелен министер за надворешни работи Бујар Османи, вечерва објави дека ги собрал потребните 10.000 потписи потребни за претседателската кандидатура.
-Веста дека се собрани над 10 илјади потписи, ме најде во домашен амбиент додека ја барав поддршката и од моите најблиски, сега со поддршката на Ваљбона, Елиза Мал и Луан и над 10 илајди потписи кои се собраа во рекордно време, за два работни дена се најгоелмото признание, но пред се голема обврска да велзам со најголемата сериозност во оваа историска кандидатура за претседател на Рeпублика Македонија, објави Османи на својата Фејсбук страница.
Османи порача дека посакува позитивна кампања, како што вели, „да се натпреварува со идеи и дела“ и се заблагодари на сите за големата поддршка.
Comments are closed for this post.