Би сакал да зборувам за врвот на криминалот кој што се случува во последните месеци и последните денови од власта на заминување на СДСМ и на ДУИ. Имено овие денови беше потпишан тендер во вредност од не помалце ни повеќе туку 46 милиони евра за ископ на јаглен во РЕК Битола, помеѓу Електростопанство на Македонија односно Електрани на Македонија, подружница РЕК Битола и омилената компанија на власта Марковски компани на белорускиот почесен конзул, Борче Марковски рекордер во тендери во Македонија, обвини денеска Александар Николоски.
Ова е најголемиот тендер потпишан во РЕК Битола за ископ на јаглен во последниот период и повторувам чини фантастични 46 милиони евра.
Првото прашање кое што се поставува е зошто не е избрана најевтината понуда, а е прифатена понуда која што е за околу 30% повисока од најевтината понуда. Имено понудата која што е прифатена е во вредност од 129.7 денари по гига џул, а имало и понуда која што била 100 денари по гига џул. Повторувам прифатената понуда е од 129.7 денари по гига џул, а има понуда од 100 денари по гига џул.
Како што јавноста може да види имало три понудувачи и не е избран најевтиниот понудувач, туку е избран поскапиот понудувач, па јавно прашувам каде одат овие 30%? Дали одат само кај Борче Марковски или одат и во структурите на власта, од највисоко до најниско? Повторувам, прашувам каде одат овие 30% разлика, дали само кај Борче Марковски или одат кај сите структури на власта од највисоко до најниско.
Прашувам кој се од власта планира да се опари од овој криминален тендер? Кој се од власта планира да има силен личен финансиски интерес од овој тендер?
Во таа насока би сакал да презентирам пред јавноста уште еден документ. Имено Владата носи одлука на 28.12.2023 година која вели во наредните 6 месеци Електрани на Македонија да не ги реализираат тековните и предвидени набавки за ископ на јаглен и помошна механизација, како и секоја набавка над 30 милиони денари и да ја информира Владата пред да донесе соодветна одлука.
Ова е тој документ. Значи на 28.12 им велат на Електрани на Македонија немојте да реализирате веќе потпишани договори за ископ на јаглен кои повторно се на Марковски компани и немој да потпишувате договори кои се во вредност од над 500 илјади евра, а веќе во средината на февруари РЕК Битола потпишува договор од фантастични 46 милиони евра.
Причината зошто е тоа така е зошто Владата после само еден месец ја менува оваа одлука. Па сакам да прашам дали е ова дел од дилот помеѓу СДСМ и ДУИ каде во братската пљачка СДСМ ќе краде од РЕК Битола, а ДУИ ќе краде од увозот на јаглен. Затоа што во следниот период се очекува да се распише тендер за фантастични 100 милиони евра за увоз на јаглен. Значи дали дилот е крадењето во РЕК Битола за СДСМ на заминување, а крадењето од увоз на јаглен за ДУИ на заминување.
И финално, клучно прашање што сакам да го поставам на оваа прес конференција зошто директорите во РЕК Битола прво се противеле, а потоа се согласиле да го потпишат овој тендер. Нивните имиња се Пеце Матевски, директор на подружницата РЕК Битола, а под него се потпишани 5 имиња Златко Алексовски, Драги Крстев, Владо Котевски, Димитар Петковски и Васко Јосифовски. Зошто овие 6 луѓе прво се противеле, а потоа решиле да го стават својот потпис на договорот со Марковски компани за криминален ископ на јаглен со цена 30 проценти повисока од конкуренцијата. Дали е тоа случајно? Или и тие се дел од добро разработена шема на крадење и ограбување на РЕК Битола и на Електростопанство на Македонија? Сакам да им кажам и на Борче Марковски и на директорите во РЕК Битола и на директорот на Електростопанство, односно Електрани на Македонија, како и на врвните владини функционери кои се замешани во ова дека ова ќе е приоритет број еден на новата влада предводена од ВМРО-ДПМНЕ по следните претседателски и парламентарни избори. Ќе се истражи до точка и до запирка и сите до еден кои се вклучени во овој криминал ќе одговараат.
Comments are closed for this post.