Власта на СДСМ и ДУИ очајно се обидува да го намали изборниот пораз кој им престои. За таа цел од народните пари власта им дели трошки на граѓаните во пресрет на изборите, а најголемиот дел од буџетот го троши за криминални тендери и набавки. Реалноста е дека после секој пакет мерки кој го промовира власта народот живее посиромашно, а Македонија е позадолжена, смета ВМРО-ДПМНЕ.
Околу 600 илјади граѓани живеат на работ на сиромаштија, а над 80 илјади граѓани живеат во екстремна сиромаштија. Долгот надминува 8 милијарди евра, а само оваа власт во овие 7 години се има задолжено колку сите претходни влади заедно. Сега со евтин популизам и по илјада денари сакаат да извршат брутален поткуп, но тоа нема да го промени фактот дека ќе бидат победени од народот кој веќе не им верува.
Токму поради овие евтини политики со кои прават купи ден помини и немањето економски план, државата тоне во сиромаштија, а стопанството се уништува. Македонија 2023 година ќе ја заврши со најмал економски раст во целиот регион, најмалку привлечени странски инвестиции и најголема стапка на иселување во историјата.
Најдобра антикризна мерка која може да се случи е оваа неспособна, неодговорна и ненародна власт да си замине. Никогаш не било полошо. Важно е да ги поразиме!
Comments are closed for this post.