Игор Јуриќ татко на убиената Тијана Јуриќ веќе неколку години е во врска со вдовицата на Оливер Ивановиќ, Милена Поповиќ
Парот се запознал за време на една телевизиска емисија, а трагедиите низ кои поминале и двајцата – тој по загубата на детето, а таа по загубата на сопругот ги зближија.
Игор беше разведен кога ја започна врската со Милена, а иако ја криеја врската, често се појавуваа заедно на јавни места. Последната година тие живеат заедно во центарот на Нови Сад.
„Ќерката на Игор, Сашка и синот на Милена, Богдан знаат заонивната врска од почетокот, а често семејно излегуваат на ручеци и вечери.
Милена Ивановиќ Поповиќ го загуби сопругот Оливер на 16 јануари 2018 година, кога беше убиен додека влегуваше во просториите на неговата партија во Северна Митровица. Со Оливер го има синот Богдан.
Игор Јуриќ е основач на Фондацијата „Тијана Јуриќ“, која го носи името на неговата ќерка. Тијана, која тогаш имаше петнаесет години и беше киднапирана, а потоа убиена од Драган Ѓуриќ, осуден на 40 години затвор.
Игор со години се бори да ги едуцира луѓето и да им помогне на сите кои претрпеле загуба на близок член од семејството како во случајот со нашата Вања.Тој минатата недела беше во Скопје но нема информации дали се сретнал со мајката на Вања, Зорица.
Comments are closed for this post.