Сакам јасно да кажам дека во моментов Бугарија нема никакви други барања кон Македонија, освен оние наведени во одлуката на ЕУ од минатата година врз основа на договорено со т.н. „француски предлог“, изјави бугарскиот премиер Николај Денков во обраќањето пред Европскиот парламент во Стразбур на дебатата насловена „Ова е Европа“.
– Низ годините нашите односи се влошија и не мислам дека за тоа е виновна Бугарија. Условите мора да се исполнат од страна на Македонија за да се отвори преговарачкиот процес и од тој аспект, не прифаќам никаква критика за нашата земја, рече Денков, додавајќи дека во тука не станува збор за односи меѓу Бугарија и Македонија, туку меѓу Македонија и ЕУ.
Comments are closed for this post.