Македонската фудбалска репрзентација е поразена од Италија (5-2).Чудото од Палермо не се повтори во Рим. Азурите не дозволија по втор пат Македонија да им ги расипе сметките и сега им доволен бод против Украина во Леверкузен и ќе се пласираат на ЕП.
Македонија имаше очајно прво и нешто подобро второ полувреме. Одбраната беше најслабиот дел од тим. Димовски,Манев и Елези делуваа како изгубени.Посебно Манев кој беше изгубен покрај Киеза а Димовски покрај Распадори.
Ништо подобро не беше ни средниот ред.Елмас и Барди не уфрлија ниту една топка до Миовски кој беше невидлив.Истото се повтори и во второто полувреме кога влезе Чурлинов.
Единтвената светла точка во нашиот тим беше голманот Димитриевски и Јани Атанасов кој ги постигна двата гола
Comments are closed for this post.