До овој момент, Агенцијата за храна и ветеринарство (АХВ) нема добиено нотификација преку европскиот Систем за брзо известување за небезбедна храна и храна за животни (RASSF) дека на македонскиот пазар се пласирани небезбедни мандарини со зголемено присуство на пестициди, велат од АХВ за „Република“.
Оттаму информираат дека годинава, АХВ како контакт точка на RASSF системот досега доби вкупно 13 нотификации од кои, 3 за пестициди над максимално дозволените концентрации (1 за небезбедно брашно за пекарски производи со наод на chlorpyrifos, 1 нотификација за небезбедни пиперки со наод на резидуи од пестициди над максимално дозволените концентрации, 1 нотификација за небезбедна свежа зелка со наод на остатоци од пестициди над дозволеното (chlorpyrifos).
Од почетокот на годинава досега увезени се 7662 пратки со овошје и зеленчук, односно над 8 милиони килограми. Земени и лабораториски анализирани се 326 мостри. Позитивни мостри на пестициди во овошје и зеленчук се 7 од земените мостри (1 резултат од домати, 2 позитивни резултати од краставици, 2 позитивни резултати од портокали, 1 позитивен резултат од праска, 1 позитивен резултат од пиперки.) Една пратка со краставица е уништена, а другите со супер анализа покажаа задоволителен резултат. Минатата година (2022 година) од увезените 9 950 пратки со овошје и зеленчук, земени вкупно 133 мостри од увозен зеленчук (краставици, пиперки, домати и други производи). Потврдени се лабораториски четири позитивни резултати на пестициди и тоа два резултати од домати увоз од Албанија, еден позитивен резултат од јаболка и еден резултат позитивен на пестициди во пратка со компир, увоз од Белгија. Небезбедните пратки се нештетно уништени – информираат од Агенцијата за храна и ветеринарство.
.
Comments are closed for this post.