Специјалната обвинителка Катица Јанева и обвинителката Лиле Стефанова имаат различен став за тоа дали на Сашо Мијалков ќе биде притворен како осомничен во случајот „Империја“.

На укажувањето дека сегашните мерки за обезбедување  се покажале нефункционални за што е доказ бегството на Никола Груевски таа за „1ТВ“ рече дека во иднина може да биде побаран притвор во други случаи, но не и за Сашо Мијалков, бидејќи немало причина да се посомневаат дека тој нема да ги почитува сегашните мерки за обезбедување што ги одредил судот.

Но,  Обвинителката Лиле Стефанова истакна дека ќе бара притвор и за останати обвинети доколку има и најмал сомнеж за бегство.

Ќе побарам притвор за секој осомничен или обвинет доколку за тоа постои и најмал сомнеж, односно опасност од бегство, влијание врз сведоци или уништуваее на докази, рече Стефанова, додавајќи дека во Македонија нема недопирливи