Претседателката на Европската комисија Урсула Фон дер Лајен дојде и си замина од Скопје. Следна станица беше Приштина, па Сараево , Белград и од Србија ќе си го фати патот за Брисел.
Секаде носеше различни пораки па така кај нас ни порача дека мора да го смениме Уставот, на властите во Приштина дека мора да ја формираат Заедницата на српските општини, а на Србија дека мора да го признае Косово.Многу желби малку суштина.
Секако нас најмногу не интересира што ни порача за да ги почнеме преговорите со ЕУ. Главна пречка за тоа се уставните измени за кои власта се согласи без да се консултира со опозицијата кај која е клучот.
Прозорецот на можности веќе е отворен. Процесот не е строг, се заснова на заслуги. Колку е побрз процесот на реформи, толку побргу ќе дојде можноста за пристапување“, порача Фон дер Лајен.
Оваа изјава на Фон дер Лајен потсетува на изјавата на поранешниот комесар за проширување Јоханес Хан. Тој пред промената на името ни порача дека вратата кон ЕУ за нас е отворена.
По прозорецот и вратата, следниот состав на Европската комисија веројатно ќе ни ја отвори и дневната соба.
Comments are closed for this post.