Сојузот на Македонците со исламска религија ги повика граѓаните на Албанија, Македонци по етничка припадност, а муслимани по верска припадност да не потклекнуваат под никаква закана и да се изјаснат тоа што се – Македонци.
– Ги повикуваме нашите сонародници во Албанија на пописот кој е во тек да не дозволат никој, ама никој и по ниедна цена да им ја менува нивната македонска етничка припадност и по цена на не знаеме какви пасоши и привилегии да им се нудат, стои во повикот на СМИР.
Порачуваат дека „се е менливо освен етничката припадност“.
– Барањето Бугари во чисти македонски етнички средини преку разни емисари ќе предизвика тешки историски последици по идните поколенија. Сте биле, сте и останете и понатаму она што единствено сте Македонци, се наведува во пораката на СМИР, потпишана од претседателот Латиф Пајкоски.
Пораката доаѓа по зачестените посети на бугарски високи претставници, меѓу кои и потпретседателката Јотова на областа Голо Брдо населена главно со Македонци со исламска вероисповест и притисокот врз нив да се попишат како Бугари, нудејќи пасоши и друга помош
Comments are closed for this post.