Дипломатите го засилуваат притисокот за уставни имени.Некои,како Германецот Рот одат дотаму што велат дека тие ќе бидат болни но мора да се направат.
Лесно е да се каже, но да видиме што конкретно ќе значи внесувањето на Бугарите во Уставот и оти не е само едно обично додавање како што сакаат да се прикаже.
Со внесувањето на Бугарите тие ќе добијат програма на бугарски јазик на Македонската радио телевизија и своја редакција.Ќе емитуваат неколкучасовна програма на бугарски јазик.
Ќе имаат и свој претставник во Комитетот на односи меѓу заедниците во Собранието и да ни „солат памет“ за политички прашања во Македонија.
Бугарите ќе добијат и празник кој самите ќе си го изберат и за нив ќе биде неработен ден. Многу лесно тоа може да 3 март, Денот на Санстефанска Бугарија која опфаќала делови од Македонија.
Comments are closed for this post.