Во најновите судири на израелската војска и вооружени Плестинци во појасот Газа загина еден цивил во Израел и четири палестинци, а организацијата Хамас се закани дека нејзините следни мети ќе бидат градовите Аждод и Бершеба доколку Ирзраел продолжи со воздушните напади врз Појасот Газа.

На интернет е објавена снимка од моментот заради кој започнаа судирите во Појасот Газа.

На снимката се гледа како палестинска ракета погодува израелски воен автобус кој беше повод за ескалација на судирите.

Во поголемиот дел на југот на Израел откажана е наставата за учениците, а од страв заради нападите одложени се и локалните избори.

Ројтерс наведува дека израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху за денеска свика состанок на својот безбедноен кабинет како би разговарале за следните потези на Израел а војската објави дека испратила дополнително засилување со пешадија и оклопни единици на границата со Појасот Газа.