Колку Унгарија сериозно ја сфати организацијата на Светското првенство во атлетика најголемиот спортски настан во историјата на својата земја, најдобро говори фактот што новиот објект е изграден специјално за ова натпреварување.
Владата на Орбан потрошила 658 милиони евраСо капацитет од 36.000 луѓе ова ќе биде едно од најгледаните изданија на Светското првенство „Кралица на спортовите“, но по завршувањето на првенството домаќинот нема да го напушти стадионот во иста форма.
Горниот прстен ќе биде отстранет па трибините ќе имаат „само“ 14.000 седишта. Со тоа во иднина ќе се отвори погледот и на присутните, со оглед на тоа што стадионот се наоѓа веднаш до Дунав, па секој ќе може да ужива во прекрасната глетка.
Comments are closed for this post.