Шефот на обезбедувањето на поранешниот премиер, Никола Груевски, Дејан Митровски – Урко, е добитник на на наградата „13 Ноември“ што ја доделува Сојузот на спортови на Скопје на најзаслужните спортисти, тренери, екипи и спортски работници во македонската престолнина.
Митровски е лауреат за тренер во областа на кик-боксот. Освен него, скопскиот кик-бокс доби признание и преку наградата за спортист, што ја доби Бобан Илиоски.
Во другите категории награди добија:
Судија – Зоран Поповски (тенис)
Екипа – Машкиот ракометен тим на Вардар
Новинар – Ласте Димитриовски (Нова Македонија)
Професор по физичко и здравствено образование – Мартин Мартиновски од ООУ „Партение Зографски“
Спортските работници – Никола Тасев, Перица Крстевски и Гордана Николовска
Спортски работници за Животно дело – Кочо Димитровски, Борче Брсаковски и Венцислав Недев за животно дело.
Општествено спортски работник/функционер – Дарко Каевски, директор на Агенцијата за млади и спорт.
Comments are closed for this post.