Десната рака на Курти за Приштина, наркодилерот Бесник Мујечи, како што се наведува во соопштението на полицијата во Тирана, бил дел од криминална група која превезувала наркотици во Албанија.
Истрагата покажала дека наведените лица, искористувајќи ја туристичката сезона и зголемениот сообраќај, праќале пратки со синтетичка дрога преку автобуските линии Приштина-Тирана. Откако пратките пристигнале во Тирана, со изнајмени автомобили биле транспортирани низ овој град, но и на други места, главно на брегот на Албанија – соопшти полицијата.
При апсењето на оваа криминална група полицијата пронашла пратка во која имало 11.300 пакувања екстази, чија вредност на нарко пазарот е над 400.000 евра.
Оаа акција се подготвувала неколку месеци, односно од самиот почеток на туристичката сезона.
– Кодното име на оваа полициска акција е „Кажењак 2“, а беше планирано до најситен детал. На почетокот на туристичката сезона во Албанија, особено во Драч, забележано е присуство на екстази и тоа во поголеми количини. Во јуни полицијата на тоа место запленила стотина дози од оваа дрога, а со оперативна работа дознала дека екстази доаѓа од Приштина. Преку соработници добиле информација дека оваа синтетичка дрога со автобус пристигнува во Тирана и Драч – објави весникот „Ало“.
Во текот на јули полицијата добила информација дека еден од главните добавувачи на дрога е всушност функционер на движењето „Самоопределување“ на Курти. Таа информација беше од клучна важност за албанските инспектори.
Кога пратките со дрога пристигнувале во Тирана или Драч, куририте ја земале на автобуските станици. Нивната задача била да ја препакуваат и да ја мерат дрогата, како и да ја предаваат на улични дилери, а тоа најчесто го правеле на јавни и прометни места.
Секретарот за медиуми на „Самоопределување“, Арлинд Манџука изјави дека веднаш по добиената информација дека Мујеца е уапсен, била закажана итна седница на дисциплинската комисија на партијата.
Comments are closed for this post.