Посетата на Курти на Тетово и на Чаир воопшто не е случајна и за неа одоборение дала меѓународната заедница, сметаат експертите. Политичкиот аналитичар од Србија Миљан Јовиќевиќ истакнува  дека Албанците сакаат да присвојат дел од Македонија во т.н. „Голема Албанија“.

 

– Без поддршката на Меѓународната заедница, Курти не би можел да оди во неофицијална посета н Македонија. Европската Унија вети соживот на Албанците и Македонците, но тоа не е можно бидејќи Албанците сакаат да одвојат дел од Македонија и да ја припојат кон Албанија. Никој не реагираше и никој не ги осуди постапките на Курти. Албанците преименуваа улица во центарот на Скопје, таа веќе не се вика Втора македонска ударна бригада, туку улица Адема Демаќија, што исто така е многу загрижувачко. Ова е почеток на крајот на Македонија, ако нешто не се преземе сега, може да се случи катастрофа од големи размери – рече Миљан Јовиќевиќ за „Информер“.

Извор „Информер.рс“