Еден од најдобрите новинари во регионот Миломир Мариќ во интервју за „Курир.рс“ раскажа дека никогаш нема да прежали што не направил интервју со Ванчо Михајлов, еден од лидерите на историското ВМРО.

Тој вели дека речиси се било договорено во таа 1990 година во Рим да го сними Михајлов кој веќе бил сериозно болен но оти Иван починал во септември истата година.

 

Три месеци чекав средба со него во Рим и јас не можев да дојдам до него поради лошата политичка состојба во Италија во таа година кога имаше многу терористички напади.Михајлов го чуваа на некој имот крај Рим и никако не можев да дојдам до него. Се слушнавме на телефон но по седум дена почина-раскажа Мариќ. за несудената средба со Михајлов.