Навивачите на Левски кои вечерва ќе присустуваат на „Градски стадион“ на мечот Шкупи-Левски се заканија дека ќе ги запалат македонското и албанското знаме. Тие отворено на Фејсбук коментираат што ќе прават на мечот на кој се очекува да има инциденти.

Ние зедовме македонско и албанско знаме и ќе ги запалиме на стадионот-пишуваат на Фејсбук навивачите на Левски.

Тие ќе бидат сместени на Јужната трибина и ќе бидат физички одвоени од останатите навивачи. Бугарите имаат и препораки каде да се движат низ Скопје но и покрај тоа тие најавија дека во 19 часот ќе дојдат пред споменикот на Цар Самоил на плоштадот „Македонија“.