Фудбалерите на Реал Мадрид со спектакуларни голови го совладаа Манчестер Јунајтед со 2:0 на подготвителниот натпревар во Хјустон. Двата гола за Мадрид ги постигнаа новајлијата во клубот. Во 6. минута од натпреварот, младиот Џуд Белингем му донесе предност на кралскиот клуб, а конечниот резултат го постави 33-годишниот напаѓач Хосела во 89. минута од натпреварот. Белингем веднаш покажа дека ќе биде големо засилување за Мадрид оваа сезона.