По неодамнешната продажба на брендови, Студио Модерна го продаде и својот малопродажен бизнис и брендот „Дормео“ за душеци и перници. Купувачот е дилерот на душеци Matratzen Concord од Германија.

Се уште се бараат решенија за останатиот дел од концернот кој има сериозни финансиски проблеми. .

Matratzen Concord е во сопственост на кинески бизнисмен кој исто така бил снабдувач на Studio Modernа. Делот што германската компанија сега го купи од Студио Модерна претставува околу четвртина од досегашните приходи.

Ова следува откако досегашниот газда Санди Чешко објави дека има сериозни финансиски проблеми и оти се надева дека ќе ја спаси компанијата.