При денешната посета на општина Кисела Вода претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски одговарајќи на новинарско прашање во однос на случајот „Феникс“ истакна дека случајот „Феникс“ е театар, фрлање сенка на идентитетските обележја, и дефокус на јавноста од криминалот на власта а го повика и истиот обвинител да отвори истрага и да се провери кој дал дозвола за градба, кој го финансирал, како го финансирал споменикот во Слупчане како и за многу други места каде има нелегални градби како Зајас и Колари и можеби многу поспектакуларни случаи.
-Тоа што беше театар пред јавноста, а што беше прикажано пред некој ден вие го нарековте случај Феникс, е исклучиво и само со една цел а тоа е де фокус од јавното мислење, односно дефокус од јавното внимание, за да се дивергира од оние кои што денеска купуваат со 10-тици милиони евра имот во центарот на Скопје. Ако имало дело тоа ќе било решено пред седум, осум, девет години. Второ, продолжува на тој начин да се негира македонскиот идентитет, затоа што на тој начин се фрла сенка на идентитетските обележја, односно тие споменици кои што имаат за цел да покажат еден историски континуитет за битката на македонскиот народ за своја држава и битката за својот сопствен идентитет. Можеби е добро од тука, од оваа прес конференција, заедно со камерите да појдете на споменикот од Слупчане и да прашате таму во Слупчане кој ја дал дозволата за градба, кој го финансирал и како е финансиран, и го охрабрувам истиот тој обвинител за кој што вие кажувате да отвори една таква предистрага, нека се охрабри, барем предистрага, или можеби сакате да одиме до Зајас или можеби сакате до Колари или сакате уште во неколку места да ве однесам во Македонија, каде што има такви нелегални градби, и каде што има основано сомневање за еден можеби поспектакуларен случај од овој кој што служи исклучиво за дефокус од криминалите на овие неколку семејства кои што денеска ја имаат за жал заробено Македонија. Но уште за кратко, овој народ што го гледате тука, но и оној што не го гледате, што е или дома или на своите работни места, масовно ќе излезе на следните избори и на сите овие криминалци во политиката ќе им порача дека е време за Идризово, а не е време за друго место вклучително и на оние нивни измеќари и слуги кои што себеси се нарекуваат опозиционери, а на дневна основа им слугуваат на овие политички криминалци, истакна Мицкоски.
Comments are closed for this post.