Посетата на Брисел беше исклучително успешна и промотивна каде луѓето од ЕУ и ЕПП сакаа да се запознаат со претседателот на партијата Мицкоски и со раководството бидејќи на ВМРО-ДПМНЕ се гледа како на партија која ќе предводи следната македонска влада.
Затоа тие сакаа да ги чујат нашите политики и планови за во иднина, пред се во борбата против корупцијата и организираниот криминал како и подобрувањето на економијата, објаснува во интервујто за Република“ потпретседателот на ВМРО-ДПМНЕ Александар Николоски.
Дали по неуспешната лидерска средба во игра се само предвремени избори?
СДСМ во лидерската средба влезе со нечесни намери, извртување и лаги, но времето покажа дека манипулираат и лажат.Ние понудивме два концепти како да се заштити македонскиот национален идентитетм а од друга страна да се отвори патот кон ЕУ. Но СДСМ не прифати ниту еден од тие два концепти и затоа тие веќе не се на маса и единствената опција која стои на маса е предвремени избори. Македонија е во голема политичка криза и поларизација и единствениот начин да се излезе од сето ова се брзи избори на кои граѓаните ќе кажат кој треба да ја води државата и кон каде треба да се движи Македонија. Дали треба да се движи кон продолжување на кримининалот и корупцијата во врвот на власта, или треба да се движи кон воспоставање на една силна битка со криминалот и корупцијата и воспоставување на правна држава.Тоа се двата концепта кои ќе се судрат на избори кои верувам дека ќе се случат час поскоро.
Тој смета деа оваа Влада нема капацитет да го истера мандатот до крај.
Гледаме дека Владата се распаѓа на дневна основа така да не очекувам дека ќе успеат да го завршат мандатот до крај-прогнозира Николоски.
Тој ги оценува СДСМ и медиумите под нивна контрола како лоши спин доктори за претставувањето на исходот од лидерската средба.
Најдобар доказ е тоа што последните истражувања на јавното мислење кои се направени по лидерската средба ВМРО-ДПМНЕ и Христијан Мицкоски имаат повисок рејтинг од тоа што имаше пред лидерската средба, што значи дека целата таа пропаганда им се врати како бумеранг .Луѓето сфатија дека се работи за класични лажни вести кои беа креирани од машинеријата на СДСМ а и од некои левичари кои се претавуваа како деничари.Народот тоа го препозна и ни дава уште поголема поддршка. Политиката на СДСМ во моментов е сведена само на лажни вести и на спинови на подметнувања но тоа не само што не поминува кај народот туку и им се смеат.
Николоски потсетува дека францускиот предлог беше пред една година и толку време лажат дека имаат 80 пратеници но никако да го стават на гласање.
Ова е доказ за лажните вести кои ги пласираат.Се „утепаа“ од лажење една година за работа што не постои-потсетува потпретседателот на ВМРО-ДПМНЕ.
Николоски е убеден дека уставните измени нема да биде последното барање на Бугарија.
Преку глава им е на луѓето од „само уште ова“. 30 години Македонецот и Македонија слуша само уште ова. Првата промена на името во поранешна Југословенска Република Македонија на Киро Глигоров беше дека ќе трае само шест месеци и од тогаш е „само уште ова“ .Само уште името, само уште знамето, па Уставот, па Договорот за добрососедство со Бугарија. На луѓето животот им помина во „само уште ова“.Што е доста доста е, мора да се стави точка. Сите сме свесни дека Македонија нема намера да стави точка и затоа ние треба да ја ставиме точката за еднаш за секогаш да се знае дека попуштање нема.
Николоски предупредува дека можеме да се доведеме на секои шест месеци да бидеме блокирани од Бугарија ако се толкува работата на историската комисија.
Историјата е прашање кое на Балканот секогаш е спорно а Македонија може да се доведе во ситуација да биде условувана на секои шест месеци да условувана.Ако теоретски се заврши прашањето со Уставот, што нема да се заврши никој не може да гарантира дека за шест или 12 месеци Бугарија нема да рече или ќе признајте дека Гоце Делчев е Бугарин или нема да продолжите да преговарате со ЕУ. Tогаш истите овие сега кои велат до Уставот ли ви дојде ќе велат до Гоце Делчев ли ви дојде. Ова што го зборувам не е далеку од вистината бидејќи Пендаровски како претседател се обиде да игра со националната определба на Гоце Делчев што е сериозно бидејќи е претседател на државата без разлика што има 0,2 посто рејтинг. Штом има спремни политичари да тргуваат со Бугарија ова ќе го побара. Затоа мора да ставиме точка и да кажеме толку е.
Николоски смета дека се потребни цврсти гаранции дека Бугарија ќе ја напушти политиката на вето.
Дури и преговарачката рамка да е само по копенхашки критериуми Бугарија како земја- членка и без причина може да стави вето секогаш кога ќе посака. Затоа е клучно ние како држава и македонски народ добиеме цврсти гаранции дека Бугарија ќе ја напушти политиката на вето. Секогаш кога на било кој бугарски политичар или влада ќе му паѓа рејтингот или пак ќе се пред избори ќе им биде најлесно да го отворат македонското прашање и да градат политички поени но наша страна ќе се случуваат шокови и се удира во нашиот идентет и самобитноста на македонската национална држава и во засебниот македонски јазик, историја и култура. Тоа се основните темели на независната македонска држава и тука ние не смееме да попуштиме затоа што еден столб ако се разниша тогаш паѓа целокупното постоење на македонската држава.Затоа ни се потребни цврсти и јасни гаранции дека Бугарија нема да продолжи да го користи ветото но тоа во овој момент не го гледам.
Николоски нагласува дека ќе се остварат неговите прогнози дека поради корупцијата Македонија нема да ги почне преговорите со ЕУ.
Во 2018 година постоеше една еуфорија околу Заев. Пролетта таа година се зборуваше за решение за името и оти Македонија брзо ќе почне преговори за ЕУ. Јас тогаш реков дека дури и Заев да го реши спорот со Грција нема да почнеме преговори за членство се додека оваа корумпирана влада е на власт.Ниту еден европски политичар не сака да седне на маса со друг политичар кој што е корумпиран. Тогаш бев напаѓан дека тоа е научна фантастика, дека го зборувам од инат и љубомора.За жал по неколку месеци тоа се оствари. Само 12 по договорот од Преспа ЕУ не додели датум за почеток на преговорите.Забораваме што побара тогаш ЕУ од Македонија.Побара реформа на јавната администрација, а таа од година во година е полоша.Побараа и реформа во безбедносните служби кои се случија на хартија, но во пракса не се спроведуваат и продолжува праксата на злоупотреба на тајните служби.Претседателот Мицкоски и јас сме постојано следени од страна на тајните служби. Третата работа што ја побара ЕУ беше борба со организираниот криминал и корупција на високо ниво.Се даде една година ова да го заврши. По една година не само што не ги завршија овие работи туку се случи аферата „Рекет“ каде што таа што требаше да ја гони корупцијата беше фатена со „Луј Витон“ чанта со милион евра внатре.Така се распрсна сонот на Македонија за почеток на преговрите со ЕУ. До денес овие прашања не се решени и затоа неколу големи земји членки на ЕУ, а тука не мислам на Германија сметаат дека Македонија не заслужува почеток на преговорите и не прават никаков притисок врз Бугарија.Бугарија им е добар изговор да не треба тие да ставаат вето. Бугарија е најслабата земја-членка на ЕУ.Ние немаме проблем со најсилната членка на ЕУ туку со најслабата и многу повеќе Европската унија и треба на Бугарија отколу што Бугарија и треба на ЕУ. Никој не може може да ме убеди дека најголемите главни градови на ЕУ не можат да направат притисок врз Бугарија. Доколку сметаа дека Македонија заслужува почеток на преговори ќе ја решат работата за едно попладне.Ќе пратат еден дипломатски тешкаш ќе се сретне во Софија со кого треба да се сретне, нема потреба ни на преспивање да останува и работата ќе биде завршена.Но, бидејќи Македонија тоне во криминал и корупција во врвот на СДСМ и ДУИ тоа не се случува. Со Влада на ВМРО-ДПМНЕ државата може да се среди за шест до девет месеци со силна битка против организираниот криминал и корупцијта и имиџот на Македонија кај ЕУ ќе се смени и тие ќе почнат да прават притисок врз Бугарија.Најголем доказ за ова се изјавите на амбасадорите на неколку земји на ЕУ кои веќе не се ни кријат зад убави флоскули.Еден од нив рече дека промената на Уставот нема врска со преговорите со ЕУ бидејќи Македонија имала 15 години да направи реформи.
Николоски има коментар и за заканите на Заев кон амбасадорот на Австрија.
Го знам тој случај. Личноста која што се споменува е директор во комуналното претпријатие во Валандово.Тоа е нивен стил на функционирање.Ние цело време го кажувавме вистинското лице на Заев за потоа да се увери и домашната и меѓународната јавност. Јас веќе објавив дека негови бизнис партнери имаат поврат на ДДВ од шест милиони евра за четири месеци што се незамисливи суми.Исто така тој и неговото семејство имаат регистирано фирми во Петрич на улица „Гоце Делчев“.
Николоски нема дилеми од каде треба да се почне во борбата против организираниот криминал и корупција.
Се почнува од врвот, сега имаме корупција од најниско до највисоко затоа што кога било кој службеник што работи на шалтер гледа дека премиерот е корумпиран, коалицискиот партнер е копумпиран си вели-кога овие можат милиони ја можам да земам 1000 денари за полесно да го протуркам месецот. На тој начин се создава корупцијата од најниско до највисоко ниво но ударот се прави на највисокото. На пример како што има кокаин на улиците немало никогаш но не проблем дилерот што го продава на улица туку тој што дозволил кокаинот да влезе на граница.Така што ако удрите на врвот тој долу ќе нема што да продава. Сметам дека Македонија има и добри закони и добро поставени институции. Не треба да трошиме време ниту на менување на закони, ниту на формирање на институции туку само тие да се стават во погон и да им се даде слобода да работат, да немаат политички притисок и верувајте за шест до девет месеци ќе се испорачаат резултати и Македонија ќе почне да се средува.
Потпретседтелот на ВМРО-ДПМНЕ ветува дека ќе биде испитан и кланот Ахмети.
Секако дека се ќе биде испитано.Во врвот на СДСМ и на ДУИ скоро и да нема политичар што не е корумпиран. Тие што не се корумирани не се во раководствата на партиите и ги отстрануваат затоа што не им одговараат на друштвото и на начинот на функционирање. А може и обратно: ВМРО-ДПМНЕ на локалните избори освои 42 градоначалници, во услови кога целата власт ја има СДСМ и ДУИ, со целосна контрола над Обвинителство до денес нема ниту еден сомнеж а камоли истрага, обвинение или судски процес за било кој градоначалник од ВМРО-ДПМНЕ.Нема затоа што луѓето работат чесно.На тој начин ние покажуваме дека може да се работи поинаку и чесно.Така што една добро организирана влада со чесни луѓе на клучните позиции може да ја исчисти корупцијата.За мене се клучни финансиските истраги.Доколку не се влезе во трагата на парите џабе некого ќе го казни а тие пари не се конфискуваат и не се вратат во буџетот .Основниот проблем со криминалот и корупцијата е дека Македонија страда и поради тоа народот се иселува.
Николоски е на став дека 90 проценти од обвинителите и судиите во Македонија се одлични,, но ти проблем се десет проценти.
Овие 90 проценти може да работат во било која европска држава но тие се во сенка на овие десет посто кои се или корумпирани или политички мотивирани. Кога ќе се отстранат тие десет проценти овие 9о посто ќе работат успешно.
Николоски е убеден дека власта од страв го класифицираше договорот со „Бектел и Енка“.
Се работии за финансиски штетен договор кој ќе ја чини Македонија многу и прашање е дали додека СДСМ и ДУИ се на власт километар автопат ќе се изгради. Досега 117 зрна песок не се ставени а исплатија 117 милиони евра.Имајќи предвид колку се неспособни мислам дека киломатар автопат нема да изградат.Проектот е финансиски прескап а во владата се толку неспособни и на платени пари нема да видиме километар автопат додека се на власт. Затоа ние имаме две опции. Едната е раскинување на договорот а втората опција е да седнеме и да се договориме за реални цени. Наместо да се гради Тетово-Гостивар-Кичево еден крак, втор крак да се гради Мешеишта-Струга-Ќафасан, а трет Прилеп-Битола да се изгради целиот автопат кон Битола, односно да се изгради од Велес преку Бабуна-Прилеп-Битола-грчка граница и на тој начин да се отвори пелагонискиот регион и централна Македонија како срце на Македонија и на земјоделието и на индустријата и каде што живее најголем дел од македонскиот народ. Можеме со истите средства да изградиме уште еден автопат и на тој начин граѓаните да видат бенефит-предлага Николоски.
Comments are closed for this post.