Познатата американска манекенка со албанско потекло Емина Чунмулај (39) при посетата на Црна Гора со раце го покажа знакот на двоглавиот орел, кој е симбол на  Голема Албанија.

Манекенката ги вкрсти прстите со претседателот на општина Тузи, Нико Ѓељошај, формирајќи го симболот на двоглавиот орел.

Емина Чунмулај е родена во 1984 година во Мичиген, но детството го поминала во Тузи. Таа е во брак со американскиот милионер Сем Назаријан и има три деца.