Мислам ВМРО ДПМНЕ ја научија лекцијата и нема шанси во вакви околности да прифатат внесување на Бугарите во Уставот. Нема шанси, вели актерот Сашо Тасевски.
Има блефови подобри или полоши, што е нормално, ако се знае на какви притисоци се изложени сите македонски партии од страна на странски фукари. Има местенки, работат кујните
Такашто без тензии.
ВМРО ДПМНЕ не смее ни да помисли да прифати внесување на Бугарите во уставот, во спротивно ќе се самоубијат како што тоа го направија социјалдемократите.
Еве и апел до нив и цела опозиција.
Блефирајте колку сакате на тема Бугари во уставот, керефекајте се пред странците, но во вакви околности кога Бугарите нас не не признаваат како народ, вашиот последен одговор мора да биде НЕ.
Од тоа НЕ не смеете да отстапите, вели тој.
Comments are closed for this post.