Интересно е што Али Ахмети, Артан Груби и ДУИ со сите сили го бранат „поранешното раководство на ВМРО-ДПМНЕ” од ВМРО-ДПМНЕ. Зелените кои сега се лажен ЕУ фронт, а во суштина се криминална банда која наскоро ќе одговара, ќе мора да објаснат на граѓаните Македонци, Албанци и останати зошто не владее правото туку партиски наредби во судовите и обвинителството, реагира ВМРО-ДПМНЕ на ставот на Артан Груби и неговите скапи патики.
Зошто гореше модуларната болница во Тетово, а со тоа изгореа невини човечки животи. Зошто се случи Дурмо турс и Беса транс каде луѓе животите ги загубија поради системот што не функционира. Зошто немаат учениците сеуште книги, а неизвесно е дали ќе добијат сведителства. Зошто здравството е во колапс и луѓе умираат по ходници во болниците итн…., Али Ахмети и Артан Груби нека продолзат да го бранат „поранешното раководство на ВМРО-ДПМНЕ” од ВМРО-ДПМНЕ, а за рејтингот има еден начин да се провери вистината, тоа се избори, само кукавици се кријат со демагогија, вистинската проверка е на избори. Ќе ги потсетиме на последните локални избори и резултатите во Гостивар и Тетово.
Comments are closed for this post.