Амандманите на Уставот се дел од преговарачката рамка со ЕУ, бидејќи ние преговараме со Унијата, а не со Бугарија и затоа мислам дека тоа е нешто што ќе тече како процес и е нешто што треба да се случи, вели премиерот Димитар Ковачевски.
Во одговор на новинарско прашање за тоа како ги коментира реакциите од Бугарија, по неговата изјава дека бугарскиот дискурсот кон Македонија е сличен на дискурсот што Русија го применува во Украина, тој изјави дека тоа што имал да го каже на Самитот на Советот на Европа го кажал јавно и не би го коментирал дополнително.
Коментирајќи ја изјавата на бугарскиот претседател Румен Радев кој истакна дека „македонското раководство може да тврди оти гради модерно мултиетничко општество кога ќе најде сила да ги вклучи „сонародниците на Гоце Делчев во својот Устав“, Ковачевски изјави:
„Откако работната група ќе ги направат амандманите, наследниците на Гоце Делчев ќе ги вметнат сонародниците и наследниците на Радев во македонскиот Устав“.
Comments are closed for this post.